До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Герет Бејл мора на долга пауза, а Зинедин Зидан мора да размислува за промени на тактиката.
Како што е потврдено денеска порано, Велшанецот ќе паузира минимум три месеци, што значи дека Реал Мадрид ќе мора да се подготви на живот без Герет Бејл.
Зинедин Зидан во овој момент има бројни кадровски проблеми, поради тоа што е надвор од тимот и Тони Крос и Алваро Мората, додека Пепе и Касемиро се на прагот од враќање во тимот.
Во овој момент, Реал Мадрид може да бира меѓу три комбинации и промени на формација без Герет Бејл.
Доколку Зидан се одлучи да продолжи да игра во стандардната формација 4-3-3-, тогаш на десната страна наместо Бејл ќе конкурираат Родригез и Лукас Васкез. Во тој случај за трите позиции во средниот ред ќе конкурираат Касемиро, Модриќ, Иско и Ковачиќ.
Следната и многу реална опција за Зидан да ја промени формацијата во 4-4-2, но во дијамант, и додека во шпицот да играат само Роналдо и Бензема.
Во тој случај во средниот ред ќе играат Касемиро, Модриќ, Ковачиќ, додека Иско и Родригез ќе се борат за позиција десетка.
Една од опциите, но најмалку веројатна е формацијата 4-2-3-1, која Зидан ретко кога ја користи. Тогаш Модриќ и Касемиро ќе бидат двајца последни играчи за врска, Роналдо ќе биде лево крило, Иско полушпиц, а десно ќе конкурираат Родригез и Лукас Васкез.
Која е најдобра опција, веќе на наредниот голем тест против Барселона на Ноу Камп?















