Како Конте одговори на Мурињо: Јас бев фудбалер и знам како да се однесувам…


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Разговорот на крајот од мечот меѓу двајцата тренери привлече големо внимание.

    Кога се среќаваат двајца темпераментни ликови, големи мотиватори и педантни стручнаци некој мора да ги загуби нервите.

    Поготово тој кој е поразен со 0:4. Жозе Мурињо после дебаклот против Челси му пријде на Антонио Конте и му прочита лекција како треба да се однесува.

    Италијанецот беше изненаден, го сослуша и кратко му одговори:

    „Јас бев фудбалер, така да знам како се однесува на фудбалските терени“.

    Конте не сакаше војна со Мурињо, но не сакаше да се наведне пред неговите критики. Споменувањето на играчката кариера веројатно дополнително ги изнервира Мурињо на кого често му дофрлуваат дека му недостасува искуство од играчка кариера.

    После мечот, Конте ја спушти топката и не сакаше да открие што уште се случувало во разговорот покрај аут линијата на крајот од нечот после што Мурињо бесен замина во тунелот.

    „Кога разговорот е приватен, тогаш треба и да остане така. Имам големо почитување кон Жозе, тој е голем тренер кој овде освои многу работи“, рече Конте на медиумите после натпреварот.

    Италијанецот е незадоволен што Челси после поразот од Ливерпул и Арсенал ја оствари првата победа во дерби во оваа сезона.

    „Почнавме многу добро, рано поведовме и продолживме да играме добар фудбал и да создаваме шанси. Ваков натпревар многу значи за нашата самодоверба и силно е важно што победивме еден од најголемите ривали“.

    Одличната форма на Челси се поклопи со одлуката на Конте да премине на систем 3-4-3.

    „Важно е за тренерот кога ќе ја пронајде победничката комбинација. Не беше добро порано бидејќи примавме гол во секој натпревар. Кога против Арсенал го доживеавме вториот пораз по ред и примивме пет гола во два натпревари беше јасно дека нешто мора да се менува. Побарав други решенија бидејќи не е нормално за тим како Челси да прима три гола на натпрервар. Го променивме системот и сега играме добар фудбал“.