Кал Крачло до победа во Австралија, докторот сензационално втор, Маркез падна


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Возачот на ЛЦР Хонда, Кал Крачло славеше на ГН на Австралија.

    Трката ја обележа паѓањето на шампионот Марк Маркез кој за прв пат оваа сезона не заврши трка.

    Маркез на стартот се одвои другите, направи голема предност. Кал Крачло го пратеше, надокнадуваше круг по круг, а во деветиот круг трката за шпанецот беше готова. Возачот на Репсол Хонда ја изгуби контролата и остана неповреден. Британецот Крачло го наследи водството пред Валентино Роси кој се проби од 15-та позиција. Алеиш Еспаргаро беше трет, на неколку круга пред крајот водеше голема борба со Андреа Довициозо и Маверик Вињалес, но и тој не ја заврши трката. Борбата за подиумот беше решена кога два круга пред крајот Вињалес го остави Довициозо зад себе. Пол Еспараго трката ја заврши на петото место, пред Хорхе Лоренцо и Скот Рединг. Првите 10 ги комплетираа Данило Петручи и Џек Милер. Хектор Барбера и Лорис Баз исто како Марк Маркез и Алеиш Еспаргаро не ја завршија трката.