Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мексиканскиот напаѓач Карлос Вела од наредната година ќе го гледаме во нов дрес откако доцна вечерва ја објави својата одлука дека се сели во МЛС лигата во САД. Негов нов клуб ќе биде составот на Лос Анџелес Галакси. Карлос Вела тоа го објави на својот Твитер профил.
My new Club in 2018. @LAFC pic.twitter.com/hR0tZ8eLFI
— carlos vela (@11carlosV) August 8, 2017
Откако Вела помина 6 години во Ла Лига во дресот на Реал Сосиедад, реши дека е време за промена на околината. 28-годишниот мексиканец за Реал Сосиедад одигра 171 натпревар и постигна 53 гола.
Сепак, преселбата во САД ќе биде одложена до јануари, бидејќи тогаш почнува сезоната во МЛС лигата. Дотогаш ќе игра како позајмен играч во Реал Сосиедад.
Претходно, Лос Анџелес Галакси беше поврзан со уште двајца мексиканци, Чичарито Ернандез и Андрес Гуардадо но и двата трансфери пропаднаа.