„Каталонски Реал“, како ви звучи!

Оваа сезона ќе биде единствена за Реал по нешто, барем во последниот пола век.

Уште од почетокот на педесеттите немаше олкав број на Каталонци во Реал, „дури“ тројца.

И тоа е премногу, ако се прашуваат навивачите на Мерегенсите, играчи родени во Каталонија не се баш добредојдени.

Но, во оваа сезона, Зидан под своја команда има тројца.

Најпознат е резервниот голман Кико Касиља кој стигна од Еспањол во минатото лето, а роден е во Тарагони. Тука се уште Јанез, по потекло од Џирона, ните двајца беа во минатата година во натпреварувачката екипа, а во оваа им се придружи Маријано кој игра за младата екипа и чии родители стигнаа во Шпанија од Домениканската република

Но, ова момче е родено во Каталонија, во местото Премиа де Мар во близина на Барселона. На некој начин тој е Каталонец, трет во екипата, а толку ги немаше од 1952 година кога Олива, Наваро и Гауси беа каталонско три во редовите на Лос Бланкоси.

Само четири сезони во историјата во клубот биле тројца Каталонци, никогаш повеќе од тоа, а напознато трио беа Саматијер, легендарниот голман Замора и Бласкез во сезоната 1933-34.

Тогаш тие беа основа на тимот, но ривалството меѓу Реал и Барса не беше така силно, какво што стана после граѓанската војка и во текот на диктатурата на генерал Франко.