Квитова и Колинс во полуфиналето на Австралија Опен

Чешката тенисерка Петра Квитова се пласираше денес во полуфиналето на АО, каде што ќе игра против американската тенисерка Даниеле Роуз Колинс.

Квитова денес после само еден час и 10 минути спеа да ја победи домашната тенисерка Ешлеи Барти со 2-0 во сетови, 6-1 и 6-4. Првиот сет траеше вкупно 28 минути, а Квитова на противничката и препушти само еден гем.

Во другиот сет Барти заигра нешто подобро и пружи поголем отпор, но не беше доволно да се врати во мечот.

Квитова во полуфиналето ќе игра против Колинс која утрово во четвртфиналето ја совлада Анастасија Павличенкова со 2-1 во сетови.

Австралија опен четвртфинале:

Kvitova – Barty 2:0 (6:1, 6:4)
Collins – Pavlyuchenkova 2:1 (2:6, 7:5, 6:1)