Кинезите на дефанзивец му нудат 8 милиони фунти по сезона


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Гванжу Евергранд повторно ќе настапува на сцена.

    Кинеската фудбалска револуција не застанува. Звучни имиња завршуваат во суперлигата во Кина, а истото тоа на крајот на оваа сезона би можел да го направи и Џон Тери.

    Капитенот на сините кој се опорави од повреда би можел да се пресели во Гванжу Евергранд. Тој клуб е спремен да издвои до осум милиони фунти годишно за Тери.

    Тери, на кој договорот со Челси му истекува ова лето на два начини е поврзан со кинескиот клуб, првиот е тоа што е нивен глобален амбасадор, а вториот е тоа што на клупата седи поранешниот тренер на сините, Луис Фелипе Сколари.