Кинезите продолжуваат да пазарат во Европа: Ѕвездата на Реал Мадрид на пат кон Азија?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Кинезите полека, но сигурно го освојуваат фудбалскито свет. Оскар веќе пристигна, се очекува и доаѓањето на Карлоз Тевез, како и на некои други европски ѕвезди.

Последниот кој е цел на богатите Кинези е дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе. Тој уште оваа зима би можел да се пресели во Кина.

„Мarca“ објави дека португалскиот репрезентативец не има преговори со раководството на клубот околу продолжување на договорот, кој му истекува на крајот на сезоната.

Интерес за Пепе покажаа неколку тимови од најнаселените земји во светот. 33-гогидшниот фудбалер оваа сезона одигра само осум натпревари во Примера и постигна еден гол. Но, понудата од Кина тешко дека ќе може да ја одбие.