Кинезите сепак не се толку наивни: Неверојатна клаузула во договорот на Тевез


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Карлос Тевез потпиша двегодишен договор со Шангај Шенхуа, но во него има посебна клаузула, доколку Аргентинецот одлучи кинеската авантура да ја заврши порано.

Доколку Тевез посака да се врати во Бока Јуниорс по само една сезона, аргентинскиот фудбалер ќе мора на Кинезите да им врати 60% од вкупниот износ кој тие го платиле за трансферот, односно околу 50 милиони евра, дознава „Goal.com“.

Тевез со своите нови соиграчи ќе се запознае на 12. јануари во тренинг кампот во Окинава.