До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ивоби го истисна од стартните 11, сега може да го напушти Емирати.
Арсенал е во одлична форма, чекањето на Венгер се исплати, а сега токму Французинот и двајца клучни играчи може да ја продолжат соработката со клубот. Повеќе за тоа ТУКА.
Младиот Алекс Ивоби доби шанса како резултат на скратената ротација, одлично ја искористи и сега е редовен по левото крило, додека Волкот е феноменален во оваа сезона по спротивната страна.
Со самото тоа, местото го изгуби привремениот англиски репрезентативец Алекс – Окслејд Чембрлејн. Момчето кој во 2011 година дојде од Саутемптон како голема надеж, пружа нешто послаби партии во последно време, и споменатите Ивоби и Волкот добиваа шанса пред него во оваа сезона и ја искористуваа.
Популарниот „Окс“ има договор до 2018 година, од клубот никој не се изјаснуваше по прашањето за продолжување на соработката а прсти во целата приказна може да вмешаат два тима од Примера кои добро ги следат случувањата на релација – Чембрлејн – Арсенал.
Имено, Валенсија и Севиља покажаа интерес за 23-годишниот Англичанец. Прандели и Сампаоли гледаат во Окс идеално решение, поготово за Валенсија одговара, бидејќи имаат проблем во нападот од заминувањето на Алкасер во Барселона, но е јасно дека Севиља може да му понуди Европа.
„Мајсторите за Лига Европа“ се меѓу најдобрите тимови во Шпанија во оваа сезона, се подобруваат и во Лигата на шампионите, и несомнено ќе биде подобар избор за фудбалерот на Арсенал од Валенсија, која се наоѓа во долниот дел од домот на шпанската Примера и тешко дека до крајот на сезоната може да избори место кое води во некое од европските натпреварување.
Сепак, прашање е дали крилниот фудбалер на Топџиите е спремен да ја напушти татковината, а сосема е јасно и дека Окс сеуште е многу млад и дека моменталната криза може да ја препороди и во иднина да биде од голема корист за Арсенал.
Доколку му понудат нов договор се ќе биде решено, на Емирати сметаат на него, доколку не, Валенсија и Севиља ќе бидат на потег.















