До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Изгледа дека Шпанецот сепак наскоро ќе истрча на терен.
Напаѓачот на Челси Диего Коста доживеа лесна повреда на мускулот по доаѓањето на собирот на репрезентацијата на Шпаниоја поради што ќе ги пропушти дуелите со Македонија и Англија.
Коста не можеше да тренира со екипата, па селекторот Хулен Лопетеги се одлучи да го испрати во Лондон на рехабилитација, а судејќи според се напаѓачот наскоро ќе биде спремен за акција.
Иако сеуште нема официјална потврда, Коста дури може да биде спремен и за наредниот дуел на Челси со Мидлзборо, но сепак поверојатно е дека Конте ќе го одмори својот прв стрелец на тој натпревар, со цел да биде спремен за дербита со Тотенхем и Манчестер Сити, кои следуваат одма после.
Значи, навивачите на Челси, судејќи според се, можат да воздивнат, Шпанецот ќе биде спремен за најважните предизвици во наредните недели.















