До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот играч за врска Жофри Кондогбија не се снајде добро од доаѓањто во Интер од Монако.
Кондогбија во минатата сезона добиваше минутажа, но по доаѓањеото на Франк Де Бур падна во втор план.
Овој 23-годишен е во немилост на тренерот на Интер, а се чини дека поради тоа брзо ќе го промени клубот.
Интерес за Кондогбија покажа Ливерпул, а Клоп е сигурен дека може да го врати францускиот фудбалер на нивото на кое беше додека играше за Монако и Севиља.
Повеќе информации засега не се познати, но е јасно дека Кондогбија е голема желба на менаџерот на Ливерпул.
Интер Кондогбија го доведе на лето 2015 година и го плати 31 милиони евра, но вложените пари не успеа да ги оправда.















