Конечно слават и сините – За шест минути Вилијан и Коста го решија Хал


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во седмото коло од Премиер Лигата се одиграа уште четири натпревари.

    Фудбалерите на Челси после низа од два порази и едно реми конечно успеаа да победат. Сините славеа на гостувањето против Хал со 0:2. Уште на стартот на натпреварот видовме закана од домашните фудбалери. Снодграс шутираше од слободен удар, но Тибо Куртоа фантастично го сочува голот. Пред самиот крај на првите 45 минути и Масон се закани по голот на Куртоа, но и неговиот шут беше одбранет од белгискиот голман. Вториот дел донесе доминација на Челси. Се редеа шанси за сините, Диего Коста прво ја погоди стативата. Конечно во 61-ва минута го скршија мразот фудбалерите на Челси, Коста асистираше до Вилијан кој ја затресе мрежата за водство на сините. Само седум минути подоцна Матиќ со глава шутираше, но одбиената топка стигна до Коста кој се најде на вистинското место и го зголеми водството на Челси, 0:2. На крајот Челси славеше со 0:2.

    На стадионот на светлоста беа поделени бодовите. Сандерленд и ВБА одиграа 1:1. ВБА стигна до водство преку Чадли на асистенција на Филипс во 35-та минута. Резервата Патрик Ван Ахолт со својот погодок во 83-та минута му донесе на Сандерленд бод во денешниот натпревар.

    На Викариџ видовме четири погодоци и поделба на бодовите, Вотфорд – Борнмут 2:2. После половина час игра Вилсон ги израдува гостинските навивачи. На полувреме се замина со минимална предност на гостите. Трој Дини во 50-та минута погоди за израмнување. Само по влегувањето на теренот, Кинг го враќа Борнмут во водство. Водството на гостите не траеше долго бидејќи после само три минути резервата Саксис со својот погодок повторно го израмни резултатот и ги постави конечните 2:2.

    Вест Хем се избори за првото реми оваа сезона. На Олимпискиот стадион во Лондон одиграа 1:1 против Мидлзборо. Погодоците беа постигнати во второто полувреме во период од шест минути. Прво Стуани на асистенција на Фишер погоди за водство на гостите. Најдобриот фудбалер на Вест Хем, Димитри Паје му донесе израмнување на домашните. Промена на резултатот до крајот на натпреварот немаше, 1:1.