До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сите знаеме дека Бачуаји не беше идеја на Конте и дека веќе на зима може да го напушти клубот. Замена стигнува од Серија А?
Не е тајна дека Конте не го сакаше Белгиецот од Марсеј кој е платен блиску 40 милиони евра.
Него го доведе спортскиот директор Еменало, човек од доверба на Абрамович, Италијанецот не му пружа многу шанса на напаѓачот кој може веќе во јануари да замине на позајмица.
Од друга страна, менаџерот на Челси има многу јасна идеја кога е новиот шпиц во прашање, го сака одличниот Муриел од Сампдорија.
Колумбиецот игра одлично, тој од минатата зима постигна 14 голови, се дополнува со Кваљарела, секако дека заминувањето во ПЛ ќе биде голем чекор напред.
Само, навивачите на Челси се плашат, Колумбијците неславно поминуваат меѓу Сините.
Радамел Фалкао и Хуан Квадрадо беа промашувања, ни едниот, ни другиот не успееја да се задржат во клубот, ниту добија права шанса.
Челси во 2013 година го доведе и младиот Жоао Леандро Родригез, уште еден „Кафетероса“, но од тогаш е на позајмици и никаде не импресионираше.
Првиот Колумбиец во Премиер лигата беше нормално Тино Асприља, освен него одличен впечаток остави Пабло Анхел кој играше за Вила, а Хамилтон Рикард четири години го носеше дресот на Боро. Добра кариера имаше и Родаљега кој играше за Виган, па Фулам…
Новата генерација немаше многу успех, Зунига, Ибарбо, Армеро, Оспина не се стандардни, а рековме, Квадрадо и Фалкао беа промашувања…















