Конте не сака да зборува за титула: Премиерлигата е тешка, шест или седум екипи се борат за титулата!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Иако навивачите се воодушевени од играта на Сините под негово водство, италијанскиот стручнак не сака прерано да се најавува титулата.

    Тренереот на фудбалерите на Челси Антонио Конте рече дека денешниот меч против Тотенхем покажа дека е премногу рано да се зборува за освојување на титулата во Премиерлигата.

    Челси денеска повторно се врати на првото место на табелата од ПЛ, поради тоа што во лондонското дерби после пресврт го победи Тотенхем со 2:1.
    „Премногу е рано да се зборува за титула. Премиерлигата е премногу тешка. Тотенхем денеска покажа дека има шест или седум клубови кои можат да ја освојат титулата. За нас е важно да продолжиме во овој стил и да ја подигнеме својата самодоверба“, рече Конте за британските медиуми.

    Челси е прв на табелата со 31 бод, односно има бод повеќе од Ливерпул и Манчестер Сити. Арсенал на четвртото место има 25 бодови, додека Тотенхем петти со 24.

    Екипата на Антонио Конте во наредното коло гостува кај Манчестер Сити.