Кој е статистички најдобар голман по бројот на мечеви на непримени голови?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Словенскиот голман Јан Облак во досегашноот дел од сезоната 2016/17 е најдобар  чувар на мрежата во петте најквалитетни лиги по бројот на „ clean sheet“(сочувана мрежа).

    Облак својата мрежа ја сочува на пет натпревари и во тој сегмент ги предводи голманите од петте најсилни европски лиги.

    Второто место го делат Мануел Ноер (Баерн), Томас Дидилон (Мец) и Јоан Кардинале (Ница) со по четири clean sheet, додека своја мрежа недопрена на три првенствени дуели ја сочуваа Уго Лорис (Тотенхем) и Фрасер Форстер (Саутемптон).

    Вреди да се забележи и тоа дека Јан Облак забележа клин шитови и на воведните два натпревари од групната фаза од Лигата на шампионите против ПСВ и Баерн (двата по 1:0).

    Навистина има импресивна статистика, за што признание треба да се оддаде и на дефанзивата на Атлетико Мадрид.