Кој најпрво ќе стигне до Колашинац?

Фудбалерот на Шалке, Сеад Колашинац се наоѓа во центарот на вниманието бидејќи голем број европски гиганти се заинтересирани за него.

Колашинац игра како лев бек, добро се снаоѓа како штопер а може да покрива и други позиции.

Јирген Клоп е заинтересиран за него, а излегува и интерес од Манчестер Сити и Евертон.

Договорот му истекува на крајот од оваа сезона, и тој од Јануари па натаму ќе може да преговара со други клубови.

Шалке веројатно ќе му понуди нов договор, но прашање е дали Колашинац ќе го прифати.