Куманово победник во македонското дерби во БИБЛ – Тешко совладан Кожув


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Куманово славеа со 84:76 во македонското дерби во БИБЛ лигата против Кожув.

    Кумановци одлично го започнаа натпреварот, но до крајот на првата четвртина одиграа лошо и гевгеличани ја добија првата четвртина со 17:22. Кошаркарите на Куманово во втората четвртина само ја намалуваа предноста на гостите, со двата поени на Александар Костоски на триесет и девет секунди пред крајот на натпреварот ја намали негативата на еден поен, 40:41 со кои и се замина на полувреме. Третиот дел од натпреварот беше израмнет се до последната секунда од натпреварот кога Нил погоди двојка за предност на Кожув од еден поен во последните десет минути од натпреварот, 65:66. Со двете погодени слободни фрлања на Живановиќ кошаркарите на Куманово во последните три минути од натпреварот влегоа со предност од четири поени, 77:73. Кумановци ја задржаа предноста до крајот на натпреварот и славеа со 84:76.

    Мијатовиќ со 20 поени го предводеше Куманово до победа. Живановиќ додаде 19, а Пековиќ 14. Двоцифрени натпреварот го завршија и Јанески и Костоски кои постигнаа по 12 поени. Кај Кожув Мијовиќ беше најефикасен со 20 поени.

    Куманово после денешната победа остануваат непоразени во БИБЛ лигата после три кола. Избраниците на Врбица Стефанов го запишаа третиот пораз оваа сезона во четири одиграни натпревари. Во следното коло Куманово повторно игра на домашен терен и тоа против Берое. Исто така во следното коло и Кожув повторно ќе биде гостин, следниот противник на гевгеличани е Башкими.