До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
После дебаклот од Челси, холандскиот стратег е свесен дека ќе мора дополнително да ги засили сите линии во тимот со цел да биде конкурентен со најсилните тимови.
Ги разби Челси во минатиот виленд, примија пет голови а не постигнаа ниеден, евидентно е дека за мегдан со така силна екипа ќе мора да се засилува.
Куман веќе во јануари е спремен да тргне по сонародникот од редовите на тимот од Олд Трафорд.
Очигледно дека сеуште не е задоволен со крилните фудбалери кои ги има на располагање на Гудисон, па се реши да го ангажира фудбалерот кој по доаѓањето во Манчестер е прогласен за „нов Кристијано Роналдо“.
Во прашање е Мемфис Депај, кој сепак не оправда ни дел од вложените пари, па е редовен на клупата на Јунајтед, често можеме да го видиме и на трибините.
Куман има верба во еден од најталентираните сонародници, и спремен е да му понуди нова шанса.
Нема сомнеж дека поранешниот стратег на Саутемптон како голема предност има тоа што е иста националност како Депај, и нема да чуди ако Куман успее за Депај, за кого важи дека има големи пролеми со ставот кон фудбалот, да го однесе на вистинскиот пат.
Мемфис е платен многу, Ван Гал за него издвои 25 милиони фунти, нема сомнеж дека Манчестер Јунајтед ќе сака да врати поголем дел од вложеното. Куман сепак има добра потпора, Фарад Фошири, газдата на Карамелите, има длабок џеб и спремен е да вложи.
За Депај е заинтересирана и Рома, ќе видиме како ќе се ќе се одвива во наредните месеци.















