Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пјеро Аусилио ја објасни ситуацијата за некои играчи во Интер. Пример Габигол кој за 30 милиони евра дојде од Сантос во Интер а одигра се на се 16 минути во дресот на Интер, досега.
Аусилио мисли дека штотоку ќе дојде времето на Габигол.
„Го заборавивме Кутињо и премалкуто време кое му беше пружено. Габигол е 20 години, тој не може да реши натпревар. Тој мора уште да работи, неговото време ќе дојде“
После паузата Интер пред себе има голем предизвик, наречен Милан. Дерби дела Мадодина и тоа со нов стратег на Интер, Стефан Пиоли.
„Дербито доаѓа во вистински момент, дефинитивно тоа е специјален натпревар. Верувам во Пиоли. Нашата цел е ЛШ и ќе стигнеме до таму“ – дополни Аусилио.