Леброн Џејмс сѐ уште нема одлучено дали ќе го напушти Кливленд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Во текот на вчерашниот ден низ америчките медиуми почнаа да се шират гласини дека Леброн Џејмс одлучил дека по наредната сезона сигурно нема да биде дел од составот на Кливленд Кавалирс. Но доцна вечерта неколку посебни извори не се сложија со овие гласини.

 

Извори блиски на Леброн Џејмс излегоа со тврдење дека не постоела таква изјава од страна на кошаркарот и дека тој е спремен да го испочитува својот договор до крај, па дури потоа ќе одлучи кој е следниот чекор во неговата кариера.

 

Изгледа дека во последниот месец тимот на Кливленд Кавалирс не може да најде мир од ниедна страна. Најпрво, Кајри Ирвинг побара да биде трејдуван надвор од клубот а сега дури почнаа и гласините дека ниту Леброн нема да остане во тимот подолго од една сезона.