Лево крило потпиша за Металург


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометниот клуб Металург потпиша со 23-годишното лево крило на Партизан, Вања Илиќ и тој ќе стигне како замена за повредениот Мартин Марчец.

    Илиќ има играно за РКБ, Партизан и Работнички. Минатата сезона беше дел од Работнички и се врати во Партизан од каде што стигна во Металург.

    Србинот ќе остане во Металург до крајот на оваа сезона, а има можност да го продолжи договорот на уште една година.

    “Чест и задоволство е да настапуваш за екипа каква што е Металург и да бидеш трениран од тренер каков што е Лино Червар. Секако, задоволство е и да настапуваш во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига. Ќе дадам се од себе за да се прикажам во најдобро светло и да ја оправдам довербата на тренерот и на луѓето од клубот“, изјави Илиќ.