Легендарниот Мијатовиќ му замери две работи на Солари: Зошто го направи тоа?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Легендарниот црногорски напаѓач Предраг Мијатовиќ ги нападна тренерот на Реал Мадрид Солари и крилниот напаѓач Гарет Бејл.

Кралевите синоќа уште еднаш ги изнервираа своите навивачи, со обзир  на тоа дека на гости против Виљареал одиграа само 2-2, а Мијатовиќ се запраша зошто во вториот дел Солари ги извади Модриќ и Крос.

„Тоа што го извади Модриќ од игра беше грешна одлука. Не разбирам ни зошто го извади Крос“, изјави Мијатовиќ.

Некогашниот напаѓач на Реал се осврна и кон Гарет Бејл сметајќи дека нема квалитет да биде лидер на овој тим.

„Тешко ми е да го гледам Реал оваа година. Одиграа добро прво полувреме, сите очекувавме да го завршат натпреварот со победа, а потоа следеше катастрофалното второ полувреме. Го сакам Гарет Бејл, но тој нема квалитети да биде лидер на Реал, тоа го имаше Кристијано“, додаде Мијатовиќ.

Да потсетиме, Мијатовиќ, помина три години како играч во Реал, а потоа три години беше спортски директор.