До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Роберто Карлос рече денеска дека пораз од Атлетико во градското дерби е еднакво на пораз во финале на Светско првенство.
Градските ривали, Реал и Атлетико ќе се сретнат во сабота на Висенте Калдерон (20:45) во меч од 12 коло на шпанскиот шампионат.
Реал е прв на табелата со 27 бодови, додека Атлетико е на четвртото место со шест бода помалку.
„Подготовка за градско дерби или “класико“ не се разликува многу од подготовка за било кој друг натпревар, но има други работи кои треба да се направат поради се што поминува низ главите на играчите. Тие ќе се прашаат што ќе се случува во сабота после дербито, како ќе реагираат навивачите…“, рече Роберто Карлос за шпански АС.
„Поради тоа пораз во дерби или “класико“ е како пораз во финале на СП“, додаде Бразилецот, кој во Реал помина 11 сезони.














