Лестер минатата сезона пишуваше историја во ПЛ, а оваа сезона пишува во ЛШ


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Екипата на Лестер оваа сезона ја игра својата прва сезона во Лигата на Шампионите.

    Актуелниот англиски шампион одлично стартуваше во друштвото на најголемите европски тимови и по три одиграни кола има три победи.

    Со новата победа против Копенхаген вчера (1:0), Лестер стана петтиот тим кој постигна три победи во првите три натпревари во ЛШ.

    Пред „лисиците“, ова им успеа само на Милан (92/93), ПСЖ (94/95), Јувентус (95/96) и на тимот на Малага во сезоната 2012/2013.

    Клаудио Раниери можност да го осигура пласманот во осмина финалето ќе има на 2. ноември кога неговата екипа му гостува на Копенхаген во четвртото коло од Лигата на Шампионите.