Лејкерс го прегазија Феникс за трета победа во низа, МекКолум го среди Мемфис


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Синоќа се одиграа пет натпревари од НБА лигата.

    Портланд славеше со 94:100 против Мемфис Гризлис. МекКолум во тимот на Портланд беше најрасположен за игра и постигна 37 поени. Дејмиан Лилард додаде 19 поени. Кај Мемфис, Гасол со 21 поен беше најефикасен.

    Сакраменто Кингс ја прекина победничката серија на Торонто Репторс од три победи во низа, 91:96. Руди Геј и Демаркус Казнс го предводеа Сакраменто до победа. Геј постигна 23 поени, а Казнс го заврши натпреварот со дабл-дабл, 22 поени и 14 скока. Демар Дерозан беше најефикасен во Торонто со 23 поени.

    После продолжение Далас Маверикс го совлада Милвоки Бакс со 86:75. Харисон Барнс го предводеше Далас до победа со 34 поени. Џеј Џеј Бареа додаде 21 поен. Во Милвоки најмногу се истакна Џабари Паркер со 16 поени.

    Денвер Нагетс го декласираа Бостон Селтикс, 107:123. Мудиеј постигна 30 поени и го предводеше Денвер до големата победа. Ниту 30-те поени на Томас не беа доволни за победа на Селтикс.

    Лос Анџелес Лејкерс не може да се запре, синоќа настрада Феникс Санс, 119:108. Јанг и Ворен го предводеа Лејкерс со по 22 поени до трета победа во низа. Кај Феникс најефикасен натпреварот го заврши Букер со 37 поени.