До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул во оваа сезона игра одлично и освен поразот од Барнли може да се рече дека во секој меч го разбија својот противник.
После пет натпревари, Ливерпул гостуваше четири пати и тоа кај Арсенал, Тотенхем и Челси, и од тие три меча зеде дури седум бодови.
Истотака, на својот терен го разбијаа актуелниот шампион Лестер, па може да се речи дека Ливерпул е во одлична форма на стартот на сезоната.
Со она што може да се пофали менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, е дека тој е првиот менаџер после деветнаесет години кој во првите два меча успеа да го совладаат Челси на Стенфорд Бриџ.
Тоа досега му успеа да го направи Арсен Венгер со Арсенал пред 19 години.
Ливерпул на Стенфорд Бриџ славеше во минатата сезона со резултат 3:1, а синоќа Редсите славеа со резултат 2:1.















