“Ливерпул паркираше автобус пред голот против нас“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ремизираа на гостувањето против Ливерпул во рамките на 8 кило од Премиер лигата.

    Црвените ѓаволи одиграа најлош натпревар во оваа сезона, а навивачите на овој клуб се разочарани со дефанзивната игра на Јунајтед.

    Сепак, два дена после натпреварот Жозе Мурињо почна да зборува други приказни.

    Португалскиот стручнак сега тврди дека Ливерпул е тој кој ќе се бранеше на натпреварот.

    „Не го остваривме резултатот кој го сакавме. Отидовме да победиме, но освоивме само бод. Не е фер кога го фалите толку Ливерпул, тие се оние кои играа дефанзивно и паркираа автобус пред својот гол“, рече Мурињо.

    Португалскиот стручнак додаде дека неговата екипа беше невозможно да игра офанзивно бидејќи Редсите се бранеа со 11 играчи. Сепак, тренерот на Јунајтед не сакаше да го искоментира зицерот кој екипата на Јирген Клоп го промаши во второто полувреме.