Ливерпул следи уште еден дефанзивец од Бундеслигата


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Јирген Клоп се спрема за јануари, очекуваме доаѓање на крилен фудбалер како и на дефанзивец.

    Германскиот тренер на Ливерпул изјави дека до крајот на преодниот рок ќе купува во јануарскиот преоден рок, а дека примарна цел му е крилен фудбалер бидејќи Садио Мане ќе оди на купот на афричките нации, а до крајот на сезоната повреден е Дени Ингс.

    Сепак, треба да очекуваме и во тимот да стигне еден дефанзивец, посебно ако се повреди некој од последната линија.

    Англиските медиуми го споменуваат Џонатан Тах, фудбалерот на Баер Леверкузен.

    Тој има 20 години, но покажа зрелост дека може да му одговори на задачите кои му ги поставуваат во Бундеслигата.

    Два натпревари има одиграно и за германската репрезентација.