Ливерпул спрема нова понуда за играч на Саутемптон


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Екипата на Ливерпул има желба за во своите редови да види одличен фудбалер на Саутемптон.

    Да ве потсетиме во колку се добри односи Ливерпул и Саутемптон кога се работи за трансферите – Рики Ламберт, Адам Лалана, Дејан Ловрен,  Натаниел Клајн, Садио Мане.

    Изгледа дека на тоа нема да се заврши, Ливерпул по секоја цена сака фудбалер со дефанзивни карактеристики, Сем Меквин.

    Меквин е играч кој досега играше на позиција лев офанзивен играч за врска, но поради проблеми со повредите Клод Пјуел се одлучи да го префрли во одбраната на левата страна, па сега игра лев бек.

    Токму таа позиција е таа на која Ливерпул е дефицитарен, податок дека тука стандарно игра Џејмс Милнер кој по природа е играч за врска многу добро ви зборува во прилог на тоа.

    Бен Чилвер истотака беше на мета на Ливерпул, но изгледа дека интересот за играчот на Лестер опадна во последните во последните неколку месеци.

    Инаку, Меквин има само уште 18 месеци до крајот на договорот со Саутемптон, а наводно една понуда од страна на Ливерпул за него е одбиена во минатото.