Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на СП 2017 во Франција.
По завршувањето на првата фаза од подготовките во Маврово, Червар ги избра ракометарите на кои ќе смета за втората фаза од подготовките во Скопје и пријателските натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Поради настапот на Младинците Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски на Квалификациите за СП во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна и Херцеговина, Червар се одлучи за 21 ракометар. Дополнително, за подготовките во Скопје, Червар го повика голманот Никола Митревски. Конечниот список на патници на СП ќе биде познат по Божиќните празници.
Селекторот на Машката сениорска ракометна репрезентација на Р.Македонија, г-дин Лино Червар го објавува списокот на ракометари за подготвителниот период за настап на СП Франција 2017, што ќе се одржи во Скопје од 02.01.2017 до заминувањето за Франција. Список на повикани ракометари:
- Кирил Колев
- Благојче Трајковски
- Никола Митревски
- Дејан Манасков
- Гоце Ојлески
- Гоце Георгиевски
- Мартин Поповски
- Стојанче Стоилов
- Никола Маркоски
- Жарко Пешевски
- Велко Маркоски
- Филип Талески
- Марко Неловски
- Кирил Лазаров
- Филип Лазаров
- Филип Миркуловски
- Стефан Дрогришки
- Ристо Арнаудовски
- Ласко Андоновски
- Мартин Велковски
- Влатко Митков
Репрезентацијата на Македонија ќе продолжи со редовни тренинзи во понеделник (02.01.2017), а трите натпревари против Босна и Херцеговина ќе се играат на 03, 04 и 05.01.2017. Првиот пријателски меч ќе се одигра во СРЦ „Кале“ и ќе биде отворен за посетители, додека останатите два натпревари ќе бидат од затворен карактер.