Лоши вести за Јуве – Дибала ќе пропушти некои многу важно мечеви!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Сеуште не се знае колку точно ќе биде потребно за целосно да се опорави и да се врати на терен, но сега веќе е јасно дека ќе пропушти некои многу важни мечеви на Бјанконерите.

    Пишувавме за повредата која се случи на фудбалерот на Јувентус Пауло Дибала во текот на натпреварот Милан, каде што фудбалерите загубија од Росонерите со 1:0.

    Во прашање е повреда на бутниот мускул на десната нога, утврдено е дека е од полесна природа , попрецизно кинење меѓу прв и втор степен.

    Тој ќе биде подлегнат на понатамошни анализи со цел што поточно да се знае кога Алегри ќе може да смета на него, а веќе се знае кои натпревари сигурно одличниот Аргентинец ќе ги пропушти.

    Тој сигурно нема да игра во среда против Сампдорија, како и во недела во дербито со Наполи.

    Најверојатно нема да игра ни во мечот од Лигата на шампионите со екипата на Лион, а се проценува дека на шести ноември може да биде во протоколот за мечот со Киево.

    Сепак, бидејќи одма после тоа доаѓа двенеделна репрезентативна пауза, може во клубот да не брзаат со враќањето на еден од најдобрите играчи на теренот, со цел да сочекаат целосно опоравување и така да се отстранат сите ризици за обнова на повреда.

    Дибала во оваа сезона во дресот на Старата дама запиша три гола на осум настапи во Серија А, како и еден погодок на три одиграни дуели во ЛШ.