Лукаку оваа зима ќе оствари голем трансфер

    Напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку во јануари би можел да го напушти овој тим.

    Одличниот Белгијанец веќе долго време се поврзува со напуштање на клубот, а се чини дека во јануари веќе тоа ќе се случи.

    Нов клуб за 23-годишниот напаѓач би можел да биде Манчестер Јунајтед. Според англиските медиуми, преговорите за трансферот на овој фудбалер на „Олд Трафорд“ се започнати и Жозе Мурињо би можел да добие огромно напаѓачко засилување.

    Оваа сезона Лукаку во 10 настапи за „карамелите“ постигна седум гола.