Лукас Хернандез одлучил да остане во Атлетико?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лукас Хернандез се поврзуваше со заминување во Баерн, но очигледно ќе остане во редовите на Атлетико Мадрид.

Францускиот лев бек веќе некое време се поврзување со германскиот гигант кој наводно сакал да плати за него рекордни 85 милиони евра, но 23-годишникот сепак би требало на крај да остане во Мадрид.

Како што јавува АС, челниците на Атлетико јасно порачале дека не сакаат да го продадат светскиот првак, барем не до крајот на летото, а по завршување на сезоната се е можно.

За останување во тимот Хернандез го наговарале Диего Годин, Антоан Гризман и другите играчи, па ќе видиме дали успеале да го наговорат.

Младиот бек (22) оваа сезона одигра 17 мечеви за Атлетико, но немаше поголема улога во однос на асистенции или голови.