Македонија стартуваше со победа – Кирил Лазаров ја торпедираше Украина


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во првиот квалификациски натпревар за ЕП 2018-та година кое ќе се одигра во Хрватска, репрезентацијата на Македонија славеше против Украина со 27:21.

    Украинците на стартот на натпреварот постигнаа два погодоци во серија, 2:4. Македонските ракометари набрзина израмнија и направија пресврт, 7:5. Следуваа три погодоци во серија за македонците и водство од четири погодоци, 11:7. На полувреме македонските ракометари имаа предност од три погодоци, 13:10. Гостите од Украина се обидуваа да ја намалат предноста на македонските ракометари, но најмногу што направија беше негатива од два погодоци. Во последните минути од натпреварот македонците постигнаа три погодоци во серија, 26:20 и тоа им беше најголемото водство во натпреварот и ја осигураа првата победа во групата. Филип Кузмановски со погодокот во последната минута ги постави конечните, 27:21.

    Кирил Лазаров со 12 погодоци беше најефикасен кај репрезентацијата на Македонија. Дејан Манасков натпреварот го заврши со 6 погодоци. Косакевич и Жуков со по 4 погодоци најмногу се истакнаа во репрезентацијата на Украина.

    Следниот натпревар на репрезентацијата на Македонија е за три дена против Чешка.