Македонскиот тандем за дванаесета победа на Барселона – Пуерто Сагундо потопен


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона славеа во дванаесетото коло од Асобал лигата против Пуерто Сагунто на домашен паркет со 34:25.

    Одлично прво полувреме за каталонските ракометари и огромно водство од 8 погодоци, 21:13. Тоа беше доволно за дванаесета победа во Асобал во дванаесет натпревари на Барселона. Каталонците на денешниот натпревар против Сагунто славеа со 34:25.

    Најефикасен во победата на Барселона беше македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров кој постигна 6 погодоци. Арино, Ривера и Мем го завршија натпреварот со по 5 погодоци. Голем придонес во победата на каталонците имаше и македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски кој запиша 14 интервенции. Шпиљак беше најефикасен во тимот на Пуерто Сагунто со 6 погодоци.