Малдини добива посебна улога во својот Милан, со него почнува новата ера?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Легендарниот италијански фудбалер може да се врати во својот Милан.

    Како што пренесуваат италијанските медиуми, Паоло Малдини може да стане дехнички директор на Милан.

    Наводно, идниот извршен директор Марко Фасоне кој својата позиција ќе ја зеземе кога кинескиот конзорциум Сино – Еуропе спорт ќе го комплетира купувањето на клубот, го сакаат и Малдини покрај себе на чело на клубот.

    Кинезите истотака сметаат дека после враќањето на една таква легенда би било од големо значење за клубот.

    Малдини веќе се сретна со Фасоне, а Милан на својот познат капитен даде неколку дена да размислува пред да ја донесе конечната одлука и да соопшти во наредните денови.

    „Мислам дека Малдини ќе биде вистинско засилување за управата на Милан. Паоло е посебна личност која одлично го разбира фудбалот. Моментално не сум толку блиску со случувањата во клубот, но знам дека Малдини носи ДНК на Милан и дека би бил одлично решение на било која позиција во клубот“, рече сегашниот тренер на Венеција и поранешен играч и тренер на Милан, Филипо Инзаги.

    Инаку, Малдини целата својата кариера ја помина во Милан во чиј дрес одигра преку 900 мечеви и ги освои сите можни трофеи, од тогаш дури пет пати се качи на врвот на Европа.

    Неговиот покоен татко Чезаре освои четири Скудета и еден Куп на Шампионите, додека неговите синови Кристијан и Даниел се во младите категории на Милан.