Малезија нема да организира Ф1 трки после 2018 година

    Малезија од 2018 година па натаму нема повеќе да организира формула еден трки.

    Трката се одржува секоја година од 1999 па до денеска, но слабата продажба на картите, како и слабата гледаност ги наведе организаторите да ја преиспитат економската вредност на оваа трка.

    На трката оваа сезона имаше 45 000 луѓе од 120 000 места капацитет.

    „Ова е исправна одлука секако. Овде не ги интересираат трки“ – вели министерот за култура и туризам на Малезија, Назри Абдул Азиз.