Манчестер бараше, Михтаријан нема да игра за Ерменија


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Челниците луѓе од Манчестер бараа од сојузот Ерменецот Хенрик Михтаријан да не биде во составот за мечевите на таа репрезентација.

    Летото засилување на Манчестер Јунајтед, Хенрик Михтаријан, не одигра натпревар за за оваа екипа месец дена, а ни во оваа недела не успеа да се врати во целост во тренажен процес.

    Токму поради тоа лекарот на Манчестер Јунајтед напиша писмо до фудбалскиот сојуз на Ерменија, еве што бараше од нив.

    „Иако негов прогрес е видлив во претходните неколку недели, тој и понатака е лимитиран и сеуште не е спремен да тренира во полна пареа и да игра официјални мечеви.

    Поради тоа, ќе бидеме благодарни кога ќе ни дозволите да го отпишете од собирот на националната селекција пред мечевите од квалификациите за СП во Русија со цел во Манчестер да ја заврши рехабилитацијата“, пишуваше во писмото упатено до националниот сојуз на Ерменија.

    Ерменците го прифатија барањето, па Михтаријан нема да биде од помош во мечевите од квалификациите.