Манчестер Јунајтед покажа интерес за 19 годишен фудбалер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Екипата на Жозе Мурињо можеби ќе биде побогата за еден одличен крилен фудбалер.

    Мурињо во ова лето потроши преку 150 милиони фунти, а планира да продолжи да троши и во јануари.

    Според пишувањата на Дејли Мејл, Манчестер Јунајтед го обнови својот интерес за младиот крилен фудбалер на Генк, Леон Бејли и токму тој може да биде наредно засилување на екипата на Жозе Мурињо.

    Овој 19-годишен фудбалер е само еден во низата одлични белгиски фудбалери, а за тоа доволно зборува и податокот дека постигна пет голови во досегашниот дел од сезоната.

    Нормално, за него не е заинтересиран само Манчестер Јунајтед , веќе и останатите европски клубови, но се споменува дека Манчестер Јунајтед најмногу пати досега испратиле скаути да го следат овој фудбалер.

    Во последниот натпревар Генк против Сасуоло (победа на Белгијанците од 3:1) беа два скаути на Манчестер Јунајтед и имаа што да видат.