До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еден од најталентираните напаѓачи кој стигна од Италија во последните десетина години, Марио Балотели, повторно е тој стариот.
Марио во ова лето се одлучи на трансфер во Ница, а тоа се испостави како одличен потег.
Балотели после два меча во Лига 1 постигна дури четири голови, по два на двата натпревари.
Сепакм постојат и такви кои сеуште не веруваат во него.
Еден од таквите е фудбалерот на Спартак од Москва и повремениот репрезентативец на Италија Салваторе Бокети.
Тој и Балотели ја делеа соблекувалната во Милан во минатата година, но и повредено во репрезентацијата на Италија.
„Балотели е добар фудбалер. Сепак, е многу тешко да постигнете ако немате мозок. „Еднаш Балотели фрли чинија со тестенини во лицето на Марко Мота само поради тоа што тој ја земал пред него”. Имаше уште многу такви ситуации“, рече Бокети.















