Маркињос со пофални зборови за неговиот менаџер

    ПСЖ почна да игра подобро под водство на новиот менаџер, Унаи Емери, изјави дефанзивецот на францускиот шампион, Маркињос.

    Синоќа ПСЖ на домашен терен победи со 3:0 против Базел во рамките од третото коло во Лигата на Шампионите.

    „Започнавме да ја разбираме неговата филозофија за играта. Има рамнотежа помеѓу поседувањето на топката и меѓу пресирањето на противникот. Првите 30 минути не беа толу добри. Потоа се подобривме и игравме повеќе по крилните позиции“, изјави Марињос.

    ПСЖ има освоено 7 бода во ЛШ и е на второто место во групата А.