Марко Ројс се врати на тренинзите


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Германскиот фудбалер, Марко Ројс се врати на тренинзите со согирачите во Борусија Дортмунд, откако некое време помина надвор од терените поради повреда.

    27-годишниот голгетер последно играше во финалето за Купот на Германија минатата сезона, кога заработи повреда на препоните и дури го пропупшти и Европското првенство во Франција.

    „Марко тренираше целосно во четвртокот. Тоа е прв тренинг со тимот од месец мај, во моментов неможам да ви кажам кога точно ќе се врати. Немаме во план да брзаме“, изјави Томас Тухел.

    За разлика од Ројс, Гонзало Кастро и Адријан Рамос ќе бидат на располагање на менаџерот на Борусија за натпреварот против Инглоштад во сабота. Додеа пак Сократис и Кагава се под знак прашалник.