Марота подготви неочекувано засилување во јануари


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Челните луѓе на Јувентус најавија дека во јануари може да има неколку промени што се однесува до играчкиот кадар.

    Директорот на Старата дама, Бепе Марота, потврди дека неколку играчи сигурно ќе го напуштат Јуве во јануари, но дека веројатно ќе има и неколку засилувања.

    Италијанските медиуми пренесоа дека Јувентус е заинтересиран да доведе играч на Џенова, Томас Ринкон, што ги зачуди сите навивачи на овој клуб.

    Ринкон во Џенова стигна во 2014 година од ХСВ, а сигурно и тој самиот е изненаден да го поврзуваат со Јувентус.

    Медиумите во Италија наведуваат дека Марота ја контактирал Џенова, и понудил да го пуштат Ринкон на позајмица до крајот на сезоната.

    Ринкон наводно треба да биде замена за Ернанес кој сигурно ќе го напушти клубот во оваа зима.

    Венецуалецот во минатата сезона во дресот на Џенова постигна три гола, и запиша шест асистенции.

    Сепак, навивачите на Јувентус се надеваат дека ова се само шпекулации.