Маскерано не сака ниту да слушне за Кинезите: Му забранил на својот агент да преговара со нив


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Аргентинскиот фудбалер, Хавиер Маскерано категорично одбил да ја продолжи својата кариера во Кина.

    И покрај тоа што во Барселона не е стандарден и што за него се заинтересирани некои пребогати клубови од Далечниот Исток, Маскерано има во план да го продолжи договорот со Барселона до 2019. година.

    Колку Аргентинецот не е заинтересиран за заминување во Кина говори и фактот дека на неговиот агент му забранил да преговара со претставниците од кинеските клубови и да го игнорира секој нивни потег.

    Со оглед на тоа дека Маскерано полека влегува во доцните играчки години, ваков потег е прилично чуден, но тој самиот докажува дека не е алчен и дека за разлика од многуте колеги-врсници, парите не му претставуваат се во животот.