Мајами Хит со богата понуда до Кавс за Ирвинг


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Односите помеѓу тимот на Кливленд Кавалирс и нивната ѕвезда Кајри Ирвинг се влошувааат и многу тимови сакаат да профитираат од таа ситуација со тоа што ќе го “намамат” раководството на Кавс да се ослободи од Ирвинг.

Последен тим кој се вклучи во трката е Мајами Хит и според тврдењата на еминентниот спортски новинар Адриан Војнаровски, тие се спремни да понудат богат пакет за плејмејкерот од Кливленд.

Имено, Хит се спремни во размената да ги понудат бекот Горан Драгиќ и младото крило Џастис Винслоу за да го добијат за возврат Кајри Ирвинг. Покрај двајцата играчи, раководството на Мајами се очекува да понуди и драфт-пик од прва или втора рунда.

Како што одминуваат деновите сѐ поочигледно станува дека Ирвинг ќе ја започне новата сезона во друг тим. Тој беше дел од составот на Кливленд кој стигна до три последователни финалиња и притоа успеа да освои една шампионска титула.