Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, го потврди интересот за велшката супер-ѕвезда.
Повеќе од една година се шпекулира за евентуалното враќање на Герет Бејл во Премиер Лигата а денеска Мурињо даде до знаење на јавноста дека токму Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на 28-годишниот велшанец.
“Ако утре Бејл игра за Реал Мадрид, тоа значи дека тимот сака тој да остане со нив. Во спротивно, ние го чекаме на другата страна.” – изјави Мурињо на прес-конференција во пресрет на натпреварот од Супер Купот кој треба да го одиграат двете екипи.
Поради бројните повреди во минатата сезона Герет Бејл успеа да комплетира 90 минути во дресот на Реал Мадрид само 10 пати. Во последните три години во Мадрид, тој пропушти 52 официјални натпревари, што е алармантна бројка за тимот на “кралевите” и можеби е време да се бара друга опција.