МекГрегор демантираше дека имал афера со Тери Мареј, а потоа таа објави нова фотографија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ирскиот борец Конор МекГрегор се најде во центар на скандал откако девојка по име Тери Мареи објави дека ќе бара ДНК тест и ќе докаже дека со него има дете.

Речиси сите светски медиуми пред неколку денови ја објавија приказната на Тери која како гром од ведро небо се најде во центарот на вниманието. Таа изјави дека пред неколку години имала афера со Конор и дека тој е татко на нејзината ќеркичка.

Исто така Тери изјавила дека ќе бара ДНК анализа за да го докаже тоа што го зборува но порача и дека од МекГрегор не бара ништо туку само сака да докаже дека ја зборува вистината.

„Сакам само да докажам дека тој е нејзин татко и дека не лажам. Сакам само да направиме тест и после тоа не мора никогаш да се видиме без оглед на резултатите. Не ги сакам неговите пари. Имавме односи четири недели пред да се породи неговата жена и тоа два пати во неколку дена. Подоцна кога дознав дека сум бремена му пратив порака но никогаш не ми одговори“- реече Тери.

МекГрегор не сакал да се огласи по ова прашање, тој само кратко дофрли на новинарите на Супер Бол дека тоа не е вистина. Очигледно тоа ја погодило Тери која повторно се огласи на социјалните мрежи.
Таа објави уште една фотографија со МекГрегор која наводно настанала во текот на нивната афера, односно во хотелот каде се гледале.