МекГрегор посамоуверен од било кога


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ирскиот ММА борец се спрема за најголемата борба во неговиот живот и засега изгледа посамоуверен од било кога.

 

На 26 август ќе се одржи најочекуваната борба на сите времиња во која ракавиците ќе ги спротивстават американскиот боксер Флојд Мејведер и ирскиот борец Конор МекГрегор. Тие ќе боксуваат во Лас Вегас, со истите правила кои важат во професионалниот бокс. Многумина велат дека токму затоа му ја даваат улогата на аутсајдер на МекГрегор, затоа што тој нема воопшто боксерско искуство а треба да оди очи во очи со непоразениот Флојд Мејведер.

Но МекГрегор не се смета себеси за аутсајдер. Напротив, тој вели дека е убеден дека ќе излезе како победник од оваа борба и ги советувал своите роднини и пријатели да се обложат на него и дури изјави дека и самиот ќе стави 1,4 милиони долари на негова победа.

 

Секој од двајцата учесници ќе има своја предност во борбата. Предноста на Мејведер е тоа што се боксува по истите правила по кои тој се натпреваруваше изминатите 20-на години. Младоста пак, е предност на МекГрегор. Тој има 29 години и се наоѓа во натпреварувачка форма додека Флојд Мејведер има 40 години и веќе 2 години не е активен боксер.

Двајцата ќе земат по повеќе од 100 милиони долари со самото учество во борбата а победникот ќе добие уште поголеми бонуси.