До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се е завршено, тврди менаџерот на колумбискиот фудбалер.
Јери Мина е нов фудбалер на Барселона поради тоа што потпиша преддоговор со каталонскиот клуб.
Како што ексклузивно пренесува каталонски Спорт, после што Барса неколку пати ги следеше неговите игри, договор конечно е постигнат.
„Прелиминарен договор е постинат и речиси е извесно дека Мина ќе потпише договор со Барселона“, рече агентот на Мина.
Тој за колумбиските медиуми нагласи дека за неговиот клиент постоеше интерес и од други клубови, но дека доаѓањето на Мина во Барселона сега зависи сами од желбата на играчот и каталонскиот клуб.
Мина има 22 години, висок е 195 сантиметри и моментално го брани боите на бразилскиот Палмеирас.















